Протетика

Протетиката е гранка на стоматологијата, која пред се се занимава со замена на изгубени ткива на усната празнина, со користење на протетски рестарвации како коронки, мостови и протези. Надомест за козметички недостатоци, рестарвации на забни импланти. Проблемите со зглобот на вилицата исто така спаѓаат во полето на забни протези.

Коронките имаат поширока намена. Најчесто се користат како заштита за оштетените заби, можат да влијаат на изгледот и формата на забите, и можат да ја имитираат бојата на вашите природни заби.

Мостовите може да се користат кога недостасуваат еден или повеќе заби. Се препорачуваат заради можното ротирање и деформирање на останатите заби. Мостот се поставува на постојните природни заби.

Порцелански фасети. Се поставуваат од козметички причини, односно за да се постигне една прекрасна насмевка. Порцеланските фасети се тенки и рачно изработени лушпи кои се лепат за вашите природни заби, ги израмнуваат забите и целта е да добиете насмевка на која сите ќе ви завидуваат.

Нашите професионални и искусни доктори можат да ви помогнат со сите ваши проблеми.

Контактирајте не и закажете термин.