Имплантологија

Денталните импланти се модерна, прецизна и сигурна терапија и придонесуваат за долгорочен комфор и чувство на сигурност. Современите стоматолошки импланти нудат докажани и естетски решенија за вас. Тие претставуваат модерна, прецизна и софистицирана терапија и придонесуваат за вашиот долгорочен комфор и чувство на сигурност. Забен имплант е вештачки корен на забот што се става во вилицата за да носи обновен заб или мост. Денталните импланти се идеална опција за луѓе со добро општо и орално здравје кои изгубиле заб или заби поради пародонтална болест, траума или друга причина.